Францускиот претседател Макрон позитивен на коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Францускиот претседател Емануел Макрон има позитивен тест на Ковид-19. Ова го соопштија денеска од неговиот кабинет. Откако ги пројавил првите симптоми, му бил направен ПЦР-тест, кој покажал дека е позитивен на вирусот.

„На претседателот на Републиката му е дијагностициран позитивен тест на ковид-19 денес“, се вели во соопштението на неговиот кабинет, како што пренесува „Ројтерс“.

Од претседателскиот кабинет најавија дека претседателот ќе биде во изолација во следните седум дена.