Шок за Јувентус. Нивен фудбалер има коронавирус. Ова го потврди и самиот клуб кој на својата официјална интернет страница потврди дека стоперот Даниеле Ругани е позитивен на коронавирус.
Од тука сите фудбалери ќе мора да се тестираат и да одат во карантин. Веројатно натпреварот со Лион во ЛШ ќе биде одложен, како и другите натпревари во Италија.
„Фудбалерот Даниеле Ругани позитивен е на Коронавирус-ковид 19. Јувентус постапи согласно законот, веднаш ја стави екипата во изолација, вклучувајќи ги и сите кои биле во контакт со него“, се вели во соопштението.
Јувентус денеска имаше тренинг на кој тренираше и Ругани. Сега се очекува целата екипа да мине во карантин, а исто така веројатно играчите ќе бидат тестирани на коронавирус за да се покаже дали уште некој е позитивен на вирусот. Тој е првиот професионален активен фудбалер кој е позитивен на коронавирусот.
Comunicazione urgente, calciatore positivo al COVID-19https://t.co/F8GPmlOBaU pic.twitter.com/dk4hJQ20EB
— JuventusFC (@juventusfc) March 11, 2020
