Кој се е економски советник во Владата на Заев. Откако вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи обзнани дека поранешниот вицепремиер, Владимир Пешевски и екс министерот за финансии Кирил Миновски би можеле да бидат дел од иницијативата “За татковината со љубов,” веќе денеска осамнаа и други имиња кои би биле дел од тој проект.
По јавните прозивки, имињата официјално ги објави и вицепремиерот Битиќи. Но, на листата која ги објави Битиќи ги нема Пешевски и Миновски за кои се крена најмногу прашина. Случајно или намерно? Но, ТВ 21 дојде до белешка од Иницијалниот состанок одржан на 2 декември. Таму стојат имињата и на Владимир Пешевски и на Кирил Миновски, како и Виктор Мизо и Веле Самак, сите биле функционери од времето на Груевски.
На фејсбук статус вицепремиерот ја објаснува платформата .
„Платформата” За татковината со љубов”претставува неформално тело за дискусија со луѓе кои можат да дадат мислење, совет или експертиза, за да дојдеме до поквалитетни предлози и политики. Тие не се професионално ангажирани како советници во мојот кабинет или во Владата, ниту нивните мислења се обврзувачки за Владата ниту пак ќе примаат каков било надомест.“, напиша Битиќи.
Тимот на луѓе ќе се менува, зависно од темата,пишува Битиќи. Информира дека по првиот состанок на кој имало повеќе од 20 економски експерти од различи области веќе сега се пријавиле уште десетина други што би сакале да учествуваат на наредните состаноци.
„Агим Мамути; Благица Петрески; Борче Треновски; Борче Смилевски; Борис Ефтимовски; Ванчо Узунов; Веле Самак; Висар Адеми; Вељанд Рамадани; Виктор Мизо; Горан Рафајловски; Зоран Кочоски; Игор Ивановски; Игор Андреев; Коста Петров; Љупчо Зиков; Марјан Петрески; Никица Мојсовска Блажеска, Никола Поповски; Нина Фити; Олимпија Заевска Христова; Сашо Ќосев;
На оваа листата не стојат Пешевски и Миновски“
Граѓаните поделени околу идејата.
-Ако е така тогаш не е добро.
-Нема логика, ама кај нас се важи… Ако се позитивни луѓето ,ако не биле инволвирани со Груевски премногу, ако се квалитет, не е страшно да бидат ангажирани. Ама ако се врзани , има луѓе кои апла беа со Груевски…054 Нема ништо лошо ако се позитивни, ако немаат петно некое за да може да се фатиме. Ние сме многу мал народ за да пребираме од квалитетот,заради тоа што го имаме многу малку.
-Лошо, лошо не е добро… Тие се луѓе во власта која е оценета од цела светска заедница како диктаторска, како лоша за народот. Тогаш тие луѓе не треба да учествуваат пак во некоја нова власт….Можеби и немаме кадри .Ако не е мито и корупција, ако е до немање кадри, тогаш е оправдано. Во целина мислам дека не е добро.
Денеска се обидовме да стапиме во контакт со дел од лицата кои ќе и помагаат на Владата во економијата, но не беа достапни за коментар. Многу од спомнатите на листата на Битиќи уште на почетокот на мандатот на оваа Влада, за ТВ 21 отворено проговорија дека ќе бидат воздржани од анализи и давање изјави за медиумите, бидејќи очекуваат ангажман во Владата на Заев. Од Владата пак неофицијално коментираат дека иницијативата е заговарана и позната уште пред три години и нема потреба сега да се прави толкава врева по ова прашање.
