Душан Гајиќ, дописник на Радио Телевизија Србија (РТС), вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 го коментираше нон-пејперот на Јанез Јанша.
Гајиќ од Брисел рече дека се случила конфузија околу потврдување на постоењето на нон-пејперот.
„Тука навистина се случи конфузија околу потврдување на постоењето на овој нон-пејпер и околу тоа дали до институциите на Европскиот Совет и претседателот Мишел дошло тоа писмо или не. Тоа што неофицијално можеме да го дознаеме е дека тоа писмо се појавило и дека дошло во посед на претседателот, но дека овде очигледно дошло до конфузија околу тоа како да се третира тоа прашање, дали може да се потврди или не, па во еден момент беше потврдено а потоа и демантирано“, изјави Гајиќ за ТВ21, потенцирајќи дека ситуацијата дополнително се искомплицира дека од страна на Јанша и од министерот за надворешни работи на Словенија стигнало демант дека такво нешто посоти.
„Засега од кабинетот на претседателот на Европскиот Совет нема потврда дека тоа писмо или нон-пејпер пристигнал, нема ниту коментар за неговата содржина. Постои до душа еден коментар на Европската Комисија која вели дека не е запознаена со неговата содржина, но принципиелниот став спрема прекројување на границите на Балканот е негативен, се вели дека за такво нешто нема потреба и дека Европската Комисија се залага за други методи за унапредување на ситуацијата на Балканот преку регионална соработка и преку европска интеграција“, рече Гајиќ.
Целата изјава низ видео:
