ГАК доби нов простор за дневна болница и киретажа – за прв пат во земјава ќе се набави и робот-хирург

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје доби нов простор за Дневната болница и сала за киретажа.

Станува збор за современо опремен мини центар за изведување на абортусите, со целосно опремени нови кревети.

Министерот за здравство, Венко Филипче рече дека разговарале и за промената на системот којшто година дена функционира, после промената на Законот за абортус.

А ќе се почне и постапка за набавка на современ хируршки апарат – роботска хирургија, кој ќе се користи најмногу од страна на експертите од областа на гинекологијата и специјалистите уролози.