Ганиу на средба со амбасадорот на Северна Македонија во БиХ, Екрем Ебиби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу денеска во Сараево оствари средба со амбасадорот на земјава во Босна и Херцеговина, Екрем Ебиби со кого разговараше за продлабочувањето на односите меѓу двете земји и за можна идна соработка.

На средбата во Сараево присуствувашр и пратеникот на ДУИ, Изет Меџити и поранешниот претседател на Лигата на Бошњаците, Рафет Муминовиќ.

Како што информираат од Општина Чаир, на средбата било констатирано дека продлабочувањето на односите меѓу двете земји е во корист на обете страни и дека треба да се направат многу напори за приближување на граѓаните од двете земји.

– За време на оваа средба разговаравме за многу прашања поврзани со односите меѓу двете земји, но и можноста за соработка на Општина Чаир со многу општини и региони на Босна и Херцеговина, изјави Ганиу.

Градоначалникот на Чаир и амбасадорот констатираа дека продлабочувањето на односите меѓу двете земји е во корист на обете страни и оти треба да се направат многу напори за приближување на граѓаните од двете земји едни кон други, имајќи го предвид и фактот дека во Општина Чаир живее прилично голем број на бошњачко население.