Прашањето за легитимитетот кај Албанците за претседателот на Собранието Африм Гаши е затворено. Поканет на „Дејли клик“, Гаши рече дека ДУИ, барајќи легитимитет од Албанците, ги омаловажува своите коалициски партнери.
-Мислам дека легитимитетот е целосен на коалицијата ВРЕДИ. Мислам дека тоа прашање е затворено. Сега и бројките во Собранието ги дефинираа работите. Мислам дека ДУИ во овој случај, кога бара легитимитет на Албанците, мислам дека на некој начин ги омаловажува своите коалициски партнери кои се од други етнички заедници. Како можеш да бараш легитимитет само на Албанците кога таму имаш пратеници од другите заедници. Што прават тие таму? – вели Африм Гаши, претседател на Собранието.
Ваквиот став на Гаши доаѓа откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ангажираше меѓународен тим експерти, предводен од Пол Вилијамс, автор на текстот на Охридскиот договор во 2001 година, кои сега ќе работат на нови идеи за да се оневозможи непочитуваењето на волјата на гласачите во иднина и да се спречи мајоризација над Албанците.
Тимот работи на некои предложени идеи за да оневозможи во иднина да се занемари волјата на гласачите и да се прекрши духот на Охридскиот договор, нагласувајќи дека суштината на Охридскиот договор е да се спречи мнозинското владеење (мајоризација) над втората најголемата заедница во земјата, со што се промовира вистинска мултиетничка и консензуална демократија.
Но, што ако предлог-законот изготвен од меѓународниот тим стигне до Собранието?
-Да го видиме законот. Секој закон што ќе дојде во процедура мора заедно да го анализираме и ако е во интерес на граѓаните зошто да не го поддржиме, вели Африм Гаши, претседател на Собранието.
Според Гаши, ДУИ во моментов нема друга политичка агенда и поради оваа причина решиле да се занимаваат со прашањето за легитимитетот. Гаши испрати порака до Демократската унија за интеграција да остане во опозиција бидејќи тоа би било добро и здраво за нив.
