Гаши на проштална средба со холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари проштална средба со досегашниот амбасадор на Холандија во земјава Дирк Јан Коп.  

Во оваа прилика, претседателот Гаши му се заблагодари на амбасадорот Јан Коп за придонесот за земјава во изминатиот период, а посебно за поддршката од Холандија за спроведување на реформите, особено во делот на владеењето на правото, како и во сите други сфери од општествениот живот и демократските процеси.

Честитајќи му го изборот за претседател на Собранието, амбасадорот Јан Хоп му посака на Гаши успешна работа и  продолжување со процесите во насока на интегрирање на нашата земја во Европската Унија.

Претседателот Гаши и амбасадорот Јан Коп разговараа и за можностите за продолжување на реформите во делот на владеењето на правото, преку создавање законска инфраструктура во Парламентот, како основа за јакнење на капацитетите и довербата во правосудството.