Гаши на средба со Хаџиу – во фокус соработката и европската интеграција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, се сретна со претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу, која престојува во официјална посета на земјава.

Гаши ја оцени соработката меѓу двата парламента и ја истакна важноста на дијалогот и координацијата за регионалните прашања.

Хаџиу рече дека ова е нејзина прва официјална посета надвор од Косово во својство на претседателка на Собранието, оценувајќи ја како показател за важноста на односите меѓу двете земји.

Таа ѝ се заблагодари на Македонија за поддршката за членството на Косово во меѓународни и регионални организации и иницијативи.

На средбата се разговараше и за европската интеграција, при што Гаши и Хаџиу оценија дека соработката треба да помогне во забрзувањето на овој процес за целиот регион.

Тие разговараа и за актуелните случувања, нагласувајќи ја потребата од мир, безбедност и стабилност.