Георгиевски: Македонците тешко се носат со променетата демографија во земјата, а таа ја менува и демократијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека Македонците тешко се носат со променетата демографија во земјата.

Тој додава дека таа ја менува и демократијата.

„Mакедонците тешко се соочуваат со промена на демографијата, а каде има промени во демографијата носат и промени во демократијата, односно промена во демократските правила што важеле досега. Многу добро се сеќавам дека на првите локални избори во 1996 година, во градови, пример, како Кичево, Струга или Чаир, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се бореа чиј да биде градоначалникот, а албанските гласови беа на едната или на другата страна, помагаа кој да победи. Тоа е таа нова реалност во Македонија. Додека денеска имате сосема обратна ситуација, албанските блокови исфрлаат кандидати, а ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се тука за да помогнат на едните и на другите кој ќе биде градоначалник. Очигледно, како граѓанин на Македонија, човек треба да биде свесен за таа изменета реална демографија“, посочи Георгиевски.