Германија ќе депортира 16.000 мигранти во Хрватска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Германските власти сакаат да го зголемат бројот на депортации во други земји од ЕУ. Повеќето мигранти треба да бидат вратени во Хрватска. Ваквите депортации во рамките на Унијата се предвидени во регулативата Даблин три.

На 13 ноември 2024 година, чартер авион полета од аеродромот „Франц Јозеф Штраус“ во Минхен во југоисточен правец. Дестинацијата беше Загреб. На списокот на патници имало 15 имиња. Тие биле државјани на Сирија, Авганистан, Турција, Јордан и Иран. Меѓу нив беше и едно лице кое беше осудено во Баварија за „повеќе нелегално влегување“ во Сојузна Република Германија.

Под будното око на германските полицајци, само тоа лето 15 лица беа префрлени во Загреб и вратени во Хрватска од властите на Сојузна Република во согласност со регулативата Даблин III.

Со таа регулатива е дефинирано дека за конкретен барател на азил, надлежна земја е земјата-членка на Европската унија во која тоа лице првпат влегло на територијата на ЕУ, односно каде е првпат регистрирано.

Пред неколку недели од Хамбург, беа вратени и неколку државјани на Македонија, поради нерегулиран престој во Германија, а биле баратели на азил.

За разлика од другите земји, Италија се противи на прифаќање мигранти кои ќе бидат депортирани од Германија. Рим не сака да го промени тој курс додека новиот пакт на ЕУ за миграција и азил не стапи на сила во 2026 година. Неговата цел е подобро да ги заштити (често) премногу пропустливи надворешни граници на Унијата.