Германија на другите земји од ЕУ им врати само 13% мигранти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ниту една земја во Европа не примила толку мигранти како Германија, пишува во понеделникот германски Билд . Додаваат и дека Германија побарала од другите земји да им вратат дел од мигрантите, но речиси ништо не се случило. Имено, во согласност со Даблинскиот договор, Германија во 2024 година требаше да врати во Италија 12.841 мигрант, но само тројца од нив се вратија во таа земја.

Грција лани требаше да прими најмногу мигранти од Германија – 15.453, а 22. По Грција, Хрватска требаше да прими 14.068 мигранти, се обврза да прими 12.932, а на крајот се вратија 533 во Хрватска минатата година. Бугарија требаше да прими 8.090 луѓе, а 290 од нив се вратија таму, генералниот секретар на ЦДУ, Карстен Линеман (47), вели дека тоа е доказ дека „политиката за азил во Европа не функционира“. 

-Податоците зборуваат сами за себе. Ни треба пресврт во политиката кон мигрантите. Мора да го запреме доаѓањето на илегалните мигранти во Германија – рече тој. Италија веќе во 2022 година објави дека повеќе нема да прима мигранти и бегалци од другите земји на ЕУ. Рим тогаш соопшти дека во земјата веќе пристигнуваат голем број мигранти. 

Така, Германија минатата година вратила само 13 отсто од мигрантите во другите земји на ЕУ, додека самата примила 45 отсто од оние за кои била одговорна или за кои се обврзала да ги прими.