Германија ќе воведе ограничувања за патниците од Бразил, Велика Британија, Португалија и Јужна Африка, каде е откриен новиот вид на коронавирус. Тоа се наведува во владиниот нацрт-документ во кој имале увид западни новински агенции.
„Покрај постојните правила, што вклучуваат тестирање и карантин, ќе бидат воведени времени ограничувања за патувања од земји каде се детектирани новите мутации на вирусот“, се навдува во документот.
