Германски оптимизам за спорот Скопје-Софија, Ковачевски вели нашите позиции се јасни

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерката за Европа при германското МНР, Ана Лирман, е оптимист за решавање на спорот меѓу РСМ и Бугарија. Лирман која е во официјална посета во нашата земја рече дека важно е на билатерален начин да се решат прашањата меѓу двете држави со цел побрзо и посигурно да се чекори кон ЕУ.


Важно е билатералните прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија кои постојат билатерално да бидат решени. Јас сум оптимист. Што се однесува до сигналите од Бугарија по однос на ова прашање ви посакувам многу успех за прашањата за коишто утре ќе се дискутира, изјави Лирман.

За спорот Скопје Софија зборуваше и новиот премиер, Димитар Ковачевски, кој истакна дека позициите на РСМ се јасни.

Бојан Маричиќ кој денеска за прв пат седна на фотелјата на вицепремиерот за европски прашања, не сакаше да го калкулира датумот за отворање на преговорите со ЕУ, велејќи дека досега одредувањето на временски рамки не донело никаков успех.

Утре во Скопје во официјална посета ќе престојува бугарскиот премиер Кирил Петков кој ќе се сретне со државниот врв за да разговара за неколку прашања, меѓу другото и да се надмине јазолот меѓу Скопје и Софија.

паинт