Од хрватската туристичка заедница, велат дека жителите на Германија веќе недели наназад закажуваат, поточно резервираат хотели и апартмани во Хрватска, и тоа не само за летоска, туку и за Велигден.
Германската национална компанија „Луфтханза“ најави дека ќе ги зголеми летовите кон Хрватска во следниот период.
„Периодот на интензивно резервирање сега следува, но нашите партнери од Германија од средината на февруари веќе приметуваат рааст на интересот на патување, особено во подрачјето на Истра“, рече Ромео Драгичио директор на претставништвото на ХТЗ за Германија.
Сите земји очекуваат дека туризмот годинава ќе биде подобар од минатата година, иако пандемијата и натаму е во тек.
