„Ги собрав сите награди низ Европа, а нас ни дојде само горчина“, рече Заев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ни треба час поскоро членство во Европската унија, бијдејќи еве и со Србија не ни е решено прашањето со црквата, па тоа може да биде нов проблем, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на Телма Телевизија.

„Ги собрав сите награди низ европа, тоа е македонскиот народ, тоа не е Заев. И на крајот Европа треба да испорача европски вредности, европски пример и доаѓа горчината“, рече Заев.

Заев додаде дека час поскоро треба да се решат проблемите, но не по секоја цена.

„Ако немаме свој индентите и јазик, чуму ни е и во марс да не стават да членуваме“, додаде Заев.