Фајз Сидикви, 41-годишен Британец кој се стекнал со диплома од Универзитетот Оксфорд, сака родителите доживотно да го издржуваат. Неговите родители се заканиле дека ќе му го укинат џепарлакот кој го добивал, па несреќниот човек се решил да се обрати на судот.
Тој себе си се опишал како ранливо пораснато дете кое има здравствени проблеми и тврди дека родителите со тоа што не сакаат да се грижат за него, се кршат неговите права.
И покра тоа што живее во станот на своите родители кој вреди 1,1 милиони долари во Хајд Парк во Лондон, и плаќаат сметки, родителите после караниците му се заканиле дека ќе му го укинат џепарлакот од 550 долари неделно поради караницата која ја имале.
Се одлучил да поднесе тужба на Апелациониот суд и ја очекува пресудата, затоа што ако пресуди во негова корист, може да биде преседан за сите останати родители.
Сепак, ова не е прв случај Фајз да ја бара правдата. ПРед неколку години го дужел и Универзитетот поради тоа што „не му дале соодветно образование“.
