Гласањето започнува на 17 декември во 20 часот и ќе трае до 19 декември 16 часот.
Гласањето се прави на официјалната веб страна.
Може да изберете 3 земји, исто така можете да гласате и за сопствената држава. Последното гласање ќе биде повторно отворено на 19 декември, 15 минути по завршувањето на финалето, на истата веб страница. Резултатите се добиваат како комбинација од онлајн гласовите на интернационалната публика (50% од вкупните бодови) и поените од националните жирија (50% од вкупните бодови)!
На овогодишната Детска Евровизија што ќе се одржи во Париз ќе бидеме претставени од дечињата од емисијата „Дајте музика“ со песната Грин Форсис.
