Издржливоста на батеријата на мобилниот телефон на многумина им е важна ставка кога купуваат нов уред, но нешто што повеќето луѓе го прават влијае на тоа со тек на време издржливоста значително да се смали.
Го оставате ли и вие мобилниот телефон на полнач пред спиење за наутро да ве дочека полна батерија? – Доколку вашиот одговор е „Да“ тогаш би било добро да престанете тоа да го правите.
Имено, USA Today провериле шти точно кажуваат големите три производители (Apple, Samsung и Huawei) и сите се сложиле дека мобилниот телефон не треба да се полни преку ноќта.
„Епл“ и „Самсунг“ наведуваат дека не е добро батеријата да биде на полнач подолго време, а од „Хуавеи“ сметаат дека е оптимално полнењето на батеријата да биде помеѓу 30 и 70 проценти.
Експертите советуваат дека е најдобро да ја полните батеријата пред да одите во кревет, наместо да ја оставате на полнач преку ноќ, без да мора целосно да ја полните батеријата.
Исто така, би било добра идеја да не чекате батеријата целосно да се испразни пред да ја наполните.
На траење на батеријата влијае и температурата на која го држите телефонот. Секогаш е подобро да се чува на поладно место бидејќи високите температури го скратуваат траењето на батеријата.
Затоа, држењето мобилен телефон под перница или оставањето на сонце во никој случај не е добра идеја.
