Го прекина штрајкот со глад по шест дена – ја продолжува борбата за упис на медицина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Докторот Дарко Василевски го прекина штрајкот со глад по шест дена пред Медицинскиот факултет, откако остварил разговор со деканот Светозар Антовиќ.

Василевски изјави дека по разговорот сфатил дека имал преголеми очекувања од институциите и дека „се борел како Дон Кихот со ветерници“.

Тој стапи во штрајк со глад откако трипати бил одбиен на конкурсите за упис на Медицинскиот факултет. Василевски тврди дека неговата возраст, 45 години, била причина за одбивањето, додека од Факултетот негираат дека возраста влијаела врз изборот.

По шест дена без храна, тој вели дека здравјето му е нарушено, но е горд што протестот го довел до крај.

Василевски нагласи дека ќе продолжи да се занимава со медицина, професионално да напредува и по правен пат да бара праведна и транспарентна постапка.