Го прекинаа протестот, но не се откажуваат – директорот на тетовската болница не ги прими медицинските сестри

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Медицинските сестри од тетовската болница по четврти пат протестираа, барајќи решение за нивниот несигурен работен статус. Иако најавија прекин на протестот поради недостаток на поддршка, тие нагласија дека нема да се откажат од своите барања.

„Првпат собравме храброст и иницијатива нашиот глас да се слушне преку вас – медиумите. Поради недостигот од поддршка од надлежните органи на Клиничката болница – Тетово, колегите и синдикатите, решивме протестот да го прекинеме и во тишина да се повлечеме. Но, тоа не значи дека се откажуваме и дека нема да ја бараме нашата работа. Ќе чекаме официјален одговор од директорот, Министерството за здравство и Министерството за финансии.“

„Имав апел до нашите колеги со решенија да нè поддржат, ако сметаат дека сме во право, но ако мислат дека не сме – тогаш да не нè поддржат. На главната сестра и се заблагодаруваме за зборовите – го составивме (барањето) и сега мислиме да го предадеме кај директорот.“

Директорот на болницата, Агим Бериша, одби да ги прими медицинските сестри.

„Барањето доставете го во архива, утре ќе го пренесеме до директорот ако има можност.

Не е тука или е зафатен?

„Зафатен е, испратете го во архива, ќе ја разгледаме барањето.“

140 медицински сестри во тетовската болница се без решенија за работа и примаат плата од 18 до 24 илјади денари.