Го запалија „Ванчо Михајлов“ во Битола – Остри реакции од Македонија и Бугарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во 4 часот и 57 минути, полицијата прва го пријавува пожар во бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“.

„Во утринските часови нема сообраќај за брзо време стигнавме и пожарот е локализиран веднаш. Опожарување имаше на влезната врата од објектот“, истакна Горан Димковски.

По добиената информација, од Скопје во Битола веднаш пристигнува и Министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска.

„Началникот на полицијата во Битола ме увери дека преземени се сите мерки на ниво дежурен обвинител, криминалисти и во најбрзо време ќе дадат резултати и се надеваме на работа на судот за да има конечна разрешница“, посочи Теодора Генчовска.

Случајот во Битола нема да ги наруши односите меѓу двете земји.

„Ова ќе биде доказ од Република Северна Македонија дека навистина се вложува сила за борба против говорот на омраза“, посочи Теодора Генчовска.

Државниот врв во го осуди чинот. Претседателот рече дека ова не оди во прилог на односите меѓу двете земји, а премиерот дека во 21 век со палење не се постигнува ништо.

„Ова дело не случајно е извршено на денешен ден кога двете држави ќе остварат дијалог на ниво на министри за надворешни работи со цел надминување на отворените прашања“, истакна Теодора Генчовска.

Бурни реакции по темата и во Бугарија. Европратеникот и копретседавач на ВМРО Ангел Џамбазки најави дека ќе достави писмо до ЕК и француското претседателство со Советот на ЕУ за запалената влезна врата на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола.

Палењето на Центарот за култура е уште една провокација и дел од масовната антибугарска кампања која започна веднаш по отворањето на клубот, напиша на Фејсбук потпретседателката Илијана Јотова.

Културниот центар во Битола беше отворен пред два месеци од страна на премиерот Кирил Петков.