Менаџментот на Градската општа болница “8-ми Септември”, со демант по соопштенијата од ВМРО-ДПМНЕ. Од опизицијата соопштија дека „8-ми Септември“ имал проблеми со финансиите, и дека е пред финансиски колапс, и дека ФЗОМ не префрлил ниту денар за лекување на лица заболени од Ковид-10.
„Ја информира јавноста дека болницата „8-ми Септември“ е спремна и подготвена во целост да пружи здравствена заштита на граѓаните во рамките на сите нејзини дејности.
Болницата е опремена со сите современи и врвни медицински потрошни материјали и лекови, и нема никаков финансиски проблем, ниту застој во нормалното функционирање, како што беше презентирано од страна на Телевизија Телма.
ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ Скопје и понатаму останува посветена и силно подготвена во борбата со ковид-19, како и со сите останати болести и состојби кои го нарушуваат човечкото здравје“, велат од менаџментот на болницата.
