Годинава 4 жени се убиени од своите бивши или сегашни партнери. Во периодот од 2014 до 2024 година, пак 115 жени се жртви на фемицид, односно убиства и обиди за убиства. Државата треба не само декларативно, туку вистински да се заложи за превенција и реинтеграција на жените, жртви на родово базирано насилство- порачаа од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
„Оваа година се случија 4 фемициди, зотоа што сите сторители беа партнери, актуелни или бивши на убиените жени. Во претходниот период од 2014 до 2024 година, имаме вкупен број на 115 убиства, но вклучени се тука и обидите за убиства на жени. Она што сега го работиме, е да правиме увиди во судските предмети на правосилно завршените, со правосилни пресуди за да видиме колку од овие 115 убиства и обиди за убиства се фемициди“, изјави Елена Димушевска од Националната мрежа против насилвство врз жени и семејно насилство.
Велат реинтеграцијата е најважна. Но иако законот е стапен на сила во мај 2021, реинтеграцијата е предвидена со сите столбови, државата не е посветена на ова прашање. Бидејќи нема помош од државата во реинтеграцијата на жртвите, голем дел повторно се враќаат кај партнерот. Нивните искуства покажале дека домот не е најнебезбедно место за жените жртви на насилство, дури 70 проценти од убиствата се случуваат таму, затоа.
„Насилството врз жените не можеме да го спречиме ако не предвидиме финансиски средства за сервисите кои што им се најнеопходни на жртвите. Она што постои сега во моментот е еднократна парична помош, ќе ставам акцент на еднократна, во износ од 15.000 денари. И таа не зависи од примањата и финансиската состојба на жртвата. Но, тоа е единствено нешто што жртвите во овој момент можат да добијат како помош од државата“, рече Димушевска.
Мрежата нуди финансиска помош за жртвите односно изнајмување стан, покривање на режиските трошоци, како и набавка на храна, но велат дека нивните буџети се ограничени и не можат да ги покријат трошоците за сите жени и на подолг рок. Нивните пресметки покажуваат дека за една жена, за кирија, режиски трошоци, храна,прегледи, помош и покривање на трошоците за децата се потребни во најмала рака 25.000 до 30.000 денари месечно.
