Годишната инфлација во Германија веројатно ќе остане над два отсто во наредните месеци, изјави Тимо Волмерсхаузер, раководител на одделот за прогнозирање на Институтот за економски истражувања ИФО со седиште во Минхен.
Според истражувањето објавено денеска, вредноста на индексот што ги мери очекувањата за движењето на цените во Германија благо падна од февруарските 19,3 поени на 18,7 поени.
Вкупната вредност на индикаторот се добива со одземање на процентот на компании кои сакаат да ги намалат цените од процентот на оние кои сакаат да ги зголемат цените.
