Ноќеска се случи голем напад со дронови врз Москва и тамошниот регион, а најмалку едно лице загина.
Според властите, три лица се повредени.
Регионалниот гувернер Андреј Воробјев вели дека жртвите се од градовите Видноје и Домодедово близу Москва и дека се оштетени седум стана во една станбена зграда.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин откри дека се соборени 91 дрон кои биле упатени кон градот, по што железничкиот сообраќај во еден округ е во прекин, а воведени се и ограничувања на аеродромите во Москва.
Ова е еден од најголемите напади врз Москва од почетокот на руската инвазија врз Украина и се случи во пресрет на разговорите САД-Украина во Саудиска Арабија. Руското министерство за одбрана извести дека ноќеска биле соборени или пресретнати вкупно 337 украински дронови над Москва и девет други региони.
