Голем пожар избувна и кај светиниколското село Кадрифаково

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Доцна попладнево избувна голем пожар кај село Кадрифаково-Свети Николе.

Поради силниот ветер се шири со голема брзина и кон штипскиот регион односно до село Криви Дол.

Градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски за ТВ Стар изјави дека во моментот гори ниско стеблеста шума и сува трева, но опасност за жителите на околните села засега нема.

Велковски изјави дека се во координација со штипскиот градоначалник Николов за гаснење на пожарот и побарал помош од штипската Територијална противпожарна единица.