Голем пожар на Халкидики, евакуација со бродови на туристи и жители

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем пожар избувна попладнево во Сивири, на првиот крак на Халкидики, а поради брзото ширење се евакуираат туристи и жители.

Неофицијално, повеќе од 250 лица се евакуираат по морски пат со чамци и бродови на крајбрежната и противпожарната служба, како и со приватни пловила.

Пожарот се шири од Касандрија кон Сивири, а евакуација е наредена и во Фурка.

Во гаснењето се ангажирани 148 пожарникари со 54 возила, девет авиони и три хеликоптери.

Лесно се повредени двајца пожарникари, додека меѓу граѓаните засега нема повредени.

Грчките власти дополнително испраќаат сили од повеќе делови на земјата, а регионот на Халкидики е во највисока категорија на опасност од пожари.