Голем пожар избувна утрово на грчкиот остров Андрос кај селото Ремата, а локалните власти ги повикаа мештаните да се евакуираат, јавуваат локалните медиуми.
Според порталот „Лифо“, пожарот зафатил ниска вегетација, а 15 пожарникари со пет возила и два авиона учествуваат во борбата против пожарот. Волонтери, исто така, помагаат на припадниците на противпожарната единица.
Локалните власти апелираа до локалното население да се евакуира.
„Ги повикуваме жителите на селото Ремата да се евакуираат поради големиот проблем со пожар и чад што се проширија на тој простор. Ги замолуваме сопствениците на возила кои имаат паркирано во близина, веднаш да ги отстранат автомобилите од таму“, се наведува во апелот на првиот човек Андрос Димитрис Локарис објавен на Фејсбук.
Противпожарната служба објави дека пожарот е во близина на селото, но засега нема закана за куќите, но тие превентивно одлучиле да евакуираат дел од населението.
Според грчките медиуми, борбата против големиот пожар ја отежнуваат силните ветрови.
