Голем пожар во интернат во Франција, учениците и персоналот евакуирани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем пожар избувна денес во интернатот на средно училиште во францускиот град Лил, а сите ученици и вработени беа успешно евакуирани, објавија денес француските медиуми.

Како што е наведено во соопштението на локалната префектура, околу 60 припадници на противпожарната служба учествуваат во операцијата за гаснење и евакуација, објави ТВ БФМ.

Пожар избувна рано утрово во средното училиште „Миријам Макеба“, а евакуираните ученици и персонал се сместени во градското собрание.

Фото: Архива