Голем пожар во објектот на поранешната фабрика „Треска“ жителите и Арсовска се сомневаат дека е подметнат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем пожар во магацинот на поранешната фабрика Треска. 55 пожарникари се бореа со огнената стихија повеќе од еден час додека го локализираа. Звонко Додевски од пожарникарската единица вели дека се работи на чистење и целосно гасење на пожарот.

За пожарот реагираше еден жител кој револтиран и рече на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска дека веќе 12 години не се презема ништо за овој имот.

Другите жители од околината вознемирени раскажуваа како се случила експлозијата. Велат дека не е прв пат да има пожар во овој објект и се сомневаат дека некој го предизвикал намерно.

Сомнежи дека пожарот е намерно предизвикан имаше и од страна на градоначалничката на Скопје, Арсовска која истакна дека институциите итно треба да преземат мерки.

Пожарот е целосно локализиран а се расчистува и теренот за да нема опасност од повторување на пожарот. Од ЦУК соопштуваат дека пожарот избувнал во магацин во околината на фабриката. Пожарот зафатил е пластични материјали, дрвја, грмушки и отпад, предизвикувајќи црн чад во центарот на градот. Нема жртви, ниту материјална штета на други околни објекти.