Пожарникарите го локализираа пожарот што избувна околу 17,30 часот во поранешната фабрика за стакло во Панчево, што сега го користи новосадската компанија „Промист“ за складирање на вештачко ѓубриво.
Во пожарот нема повредени, а пожарникарите работат на гаснење на истиот.
Како што јави РТС, се запалиле старите дрвени бараки на поранешната стаклара, во кои, според зборовите на директорот на компанијата, Горан Којиќ, немало опасни материи.
Градоначалникот на Панчево, Александар Стевановиќ, за РТС изјави дека мобилниот тим на Институтот за јавно здравје за контрола на квалитетот на воздухот излегол на терен и дека ќе утврдат дали постои опасност по животната средина.
Патниот сообраќај не беше во прекин, додека железничката пруга го запре транспортот на опасни материи по пругата што поминува покрај магацинот што гори.
