Голем скандал во Будимпешта: Унгарската тајна служба обвинета за шпионирање претставници на ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Будимпешта се соочи со тешки обвинувања. Имено, унгарскиот медиум Direkt36 и белгискиот De Tijd открија дека унгарската тајна служба (IH) шпионирала и прислушувала претставници на ЕУ кои ја посетиле Унгарија, пишува Politico .

Тајна служба наводно ги истражувала хотелските соби и тајни го снимала разговорите на европарламентарците. Посебно на мета биле истражителите од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).

ОЛАФ во еден момент истражувал унгарска компанија во сопственост на зетот на Орган. Унгарските и белгиските медиуми објавија дека службата од 2015 до 2017 година ги пратиле истражителите на ОЛАФ кои биле во посета на Унгарија.

Во извештајот пишува дека во Унгарија е нормално тајната служба да ги пребарува хотелските соби на ЕУ делегациите и илегално ги презема податоците од нивните компјутери.

„Не одговараме на лажни вести“, рече Берталан Хаваси, шефот на канцеларијата за медиуми на премиерот на Унгарија.

Унгарија веќе неколку пати била обвинета за шпионирање на новинари и активисти.