Голем успех на македонските кикбоксери – 15 медали во Вараждин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонските кикбоксери забележаа значаен меѓународен резултат на Европскиот Куп „Вараждин Опен“ што се одржа во Хрватска, освојувајќи вкупно 15 медали и со тоа уште еднаш го потврдија својот квалитет на европската сцена.

На турнирот, македонските претставници се закитија со два златни, пет сребрени и осум бронзени медали, во силна конкуренција на натпреварувачи од повеќе европски држави.

Златен медал во сениорска конкуренција освои Силвио Мировски од клубот „Гладијатор“ – Скопје, во категоријата до 71 килограм во дисциплината лоу кик.

Второто злато за Македонија го обезбеди Калин Бабоски, член на клубот „Адора“ – Скопје, кој настапуваше во категоријата до 63,5 килограми во лоу кик кај постарите кадети. Бабоски до златото стигна по три убедливи победи, против израелските натпреварувачи Хадоми Абас и Самер Омар, како и против Еван Колинс од Република Ирска, со резултат 3:0 во сите борби.

Според конечниот пласман, најуспешна држава на Европскиот куп била Унгарија, со освоени 50 златни, 64 сребрени и 66 бронзени медали.