Во тек е голема полициска акција во Србија, во која се уапсени неколку лица. Станува збор за претседателот на движењето „Живеам за Србија“ д-р Јована Стојковиќ, била приведена на сослушување во полиција.
Таа била приведена утринава поради сомневање за кривично дело „предизвикување паника и неред“.
„Блиц“ јавува дека денеска има голема полициска акција против „антиваксери“ и дека засега биле приведени пет лица кои ќе бидат сослушани.
