Голема тага: Почина бебето кое падна од 4-ти кат во Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Едноиполгодишно дете кое падна од четврти кат во Нови Пазар, почина на пат кон Белград. Според „Блиц“, бебето имало крварење во мозокот.

Бебето починало во Краљево, а поради тежината на повредите било наредено итно да биде пренесено на неврохирургија во Белград.

– Детето има тешки повреди на главата и горните екстремитети. Поради тешката состојба моравме итно да го транспортираме во Белград – изјави претходно хирургот Џевад Шебечевац.

За потсетување, едно и полгодишно дете попладнево падна од четврти кат во зграда во населбата Оаза во Нови Пазар.