Големо истражување покажува дали маските играат голема улога во спречување на коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Маските за лице го намалуваат за 99,9 % ризиокот од ширење на големите капки поврзани со опасноста за ширење на коронавирусот кога човекот зборува или кашла, покажала студија чии резултати научниците ја објавија оваа недела.

Жена во исправена положба оддалечена два метри до маж кој кашла без маска, изложена е 10 илјади пати повеќе на ширење на капките кои потенцијално го носат вирусот, пишува во магазинот „ Royal Society Open Science“.

„Нема никаков сомнеж дека маските на лица може значајно да го намалат испуштањето на капките кои потенцијално го носат вирусот“, рече за „Франспрес“ главниот автор на студијата Игнацио Мариа Виола, стучњак за динамика на флуидите на Универзитетот во Единбург.

Авторите на студијата кажуваат дека капките кои се како проектил, се исфрлаат кога се зборува или кога се кашла, и потоа поради гравитацијата паѓаат на тло, што е главниот „стартер“ на трансмисија на вирусот Sars-CoV-2.

Мали капки кои содржат аеросоли, можат да останат во воздухот повеќе време и претставуваат ризик, особено во затворени и слабо проветрувани простории, без струење на воздухот.

„Секогаш исфрламе палета на капки од микро големина, до оние со 1 милиметар, а некои паѓаат побрзо од други, зависно од големината, температурата на воздухот, влажноста, а особено струењето на воздухот“, вели научникот.