Гостин во вчерашната емисија „Урбан таг“ беше колегата од веб редакцијата на ТВ21, Горан Бошев со кого разговаравме за тоа како трчањето му го променило животот.
„Почнав со трчање уште пред 7-8 години и тогаш беше аматерски со цел да симнам килограми, успеав во тоа и симнав околу 15-20 килограми за 4/5 месеци“, истакна Бошев.
Тој додава дека потоа следувало период кога малку стагнирал со трчањето, не внимавал на исхраната и повторно ги вратил килограмите, се до минатата година кога решил да стави точка и повторно да се занимава со трчање.
„Се пријавив на Скопскиот маратон кој требаше да биде во месец мај како мотивација за трчање, затоа што кога се нема мотивација, кога трчаме само колку да трчаме е една работа, додека пак кога има мотивација за да се спремиме за нешто е сосема друга работа, и на некој начин тоа ве турка“, додава Бошев.
Во продолжение целосното интервју:
