Ѓорѓиев: Има доза на патернализам од бугарска страна, дека ние треба да се согласиме со нивните ставови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Копретседавачот на македонско-бугарската историска комисија Драги Ѓорѓиев, е вечерва гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Тој рече дека во преговорите за наоѓање заедничко решение за споровите, од Бугарија има една доза на патернализам, односно барања Македонија да се усогласи со ставовите на Бугарија, и дека другата страна има тон на обвинување.

„Се појави на виделина дека не можеме да се усогласиме и дека имаме различни теоретски пристапи, тие започнаа со еден таков тон на обвинување дека ние постојано не сакаме да се усогласиме со некои работи, без притоа да земат во предвид дека пристапот е различен“.

Има една доза на патернализам кај нив, дека би требало ние да се усогласиме со нивните ставови, без притоа да се држиме до наши пристапи“, рече Ѓорѓиев.

Целата изјава низ видео: