Ѓорѓиевски: Ќе се потрудам да имаме и пејач Албанец за Нова година, доста е со поделби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во гостувањето во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, најави дека се работи на проширување на музичката програма за претстојниот новогодишен дочек на плоштадот „Македонија“.

-Јас ја прифатив и сугестијата на вашите колеги Албанци коишто ме прашаа зошто иако ни помага Државна видеолотарија за целиот проект и прославата зошто нема ниту еден Албанец? Со тимот разговаравме, од Градот Скопје којшто ми помага на тоа прашање и ќе се потрудам да обезбедам и еден пејач/пејачка Албанец за да настапи за Нова година, вели Ѓорѓиевски.