Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје вечерва се одржа свечен прием по повод 250-годишнината од независноста на САД.
Вршителката на должноста амбасадорка на САД, Никол Варнс, истакна дека ова не е само прослава на историјата, туку и на можностите, нагласувајќи дека иднината им припаѓа на општествата кои поттикнуваат иновации, инвестираат во талентот и имаат доверба во своите граѓани.
