Ќе даде ли ефект новогодишната кошничка?
На ова прашање вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 ни одговори Горан Ѓорѓиевски, потпретседател на Сојузот на стопански комори.
Според него, цените на производите не се подигнати толку многу.
„Сметаме дека оваа акција на бирање на ваков тип на производи што ќе влезат во потрошувачката кошница е добар исчекор во насока на тоа да се мобилизира општествената одговорност на самите чинители кои што работат, правни лица, во нашата држава, и тоа е правилен исчекор во вистинска насока. Со замрзнување на цените и на маржите во минатото се доаѓаше во ситуации да даден фонт на производи го немаше на пазарот“, вели Ѓорѓиевски.
Сепак, Ѓорѓиевски не се согласува со констатациите дека цените се зголемени за 20-30 проценти.
„Производителите на млечните производи, некои од нив посериозни, кажаа, но и проверивме, дека нема покачување толку на даден фонт од нивното портфолио на производи, за увозните производи не би коментирал“, вели тој.