Ѓорѓиевски: Новата директорка на ЗОО Скопје доаѓа од редот на вработените, сериозно ги сака животните!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зоолошката градина во Скопје има нова директорка.

Ова вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 го истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Како што вели, истата е од редот на вработените во Зоолошката и има сериозен капацитет.

„Сериозно ги сака животните, сака нешто да направи за ЗОО Скопје, и тоа ме фасцинира. Нека и е со среќа“, порача Ѓорѓиевски.

Инаку, се работи за Катерина Костова која е назначена за в. д. директорка на Зоолошката градина во Скопје.