Во денешната емисија на ТВ21, „Бизнис21“, Бојан Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на производители на свежо месо „Македонско прасе“ вели „цените во секторот производство на месо, млеко, јајца се веќе исти три до четири месеци после новогодишната кошничка и не се променети од страна на производителите“.
-Веќе цените во секторот производство на месо, млеко, јајца се веќе исти три до четири месеци после новогодишната кошничка и не се променети од страна на производителите. Откупот моментално кај свинското месо е околу 3,50 односно околу 200 денари, на жива вага е 110-115 денари и понатака си ја одредува трговецот, вели Ѓорѓиевски и додава дека „производството на јајца не е сменето поточно на консумните јајца не е сменето исто како и продажбата“.
За Ѓорѓиевски реалната цена за продажба на свинско месо во месара би била:
-Од 330 денари до 360 денари, максимум, вели тој.
