Ѓорѓиевски: Пристигнаа 3.300 нови контејнери за Скопје, започна нивната распределба низ градот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека пристигнала првата пратка од 3.300 нови контејнери, а нивната распределба низ градот започна денеска.

Според Ѓорѓиевски, ова е најголемата набавка на контејнери во историјата на Скопје.

Тој информираше дека се обезбедени и 60 контејнери за селекција на стакло, додека следната недела се очекува да бидат ставени во употреба и новите камиони за собирање отпад.

Ѓорѓиевски истакна дека новите контејнери ќе ги заменат оштетените и ќе ги зголемат можностите за одлагање на отпадот.

Како што соопшти Ѓорѓиевски, контејнерите се набавени по речиси двојно пониска цена во споредба со 18.600 денари, колку што, според него, плаќале неговите претходници за истите контејнери.