Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека загадувањето на воздухот е проблем со децении.
Како што вели, тоа не е само во главниот град туку и во целата држава.
„За разлика од минатото, сега почнуваме со чекори кои што на долг рок ќе ги решаваат процесите“, вели Ѓорѓиевски.
