По само 72 часа, по објавувањето на случајот на ТВ21, собрани се средства за обнова на покривот на семејството Алии од скопско Арачиново. Овој пат го најдовме чичко Решат порасположен и во неговите очи се врати надежта за подобро утре.
Решат Алии: Бог нека го награди секого кој ни помогна.
ТВ21: Дали се собрани парите?
Решат Алии: Собрани се пари за покривот. Им благодарам на сите што можеа да ни помогнат. За други штети, што можеме сами да поправиме, ќе го поправиме, кога можеме!
Во саботата ова семејство преку емисијата И ЈАС СУМ ТУКА испрати апел за помош бидејќи изгореа покриви на две куќи во кои живее 11-членото семејство Алии.
Решат Алии: Во осум или не знам колку беше часот, ми викна синот, ми рече да станам бидејќи гориме.
ТВ21: Дали имате голема материјална штета?
Решат Алии: Има, изгореа две куќи.
ТВ21: Што беше најмногу оштетено, електричната опрема, шпоретот.. Изгоре се што имавме!
Пожарот на покривите од куќите на семејството Алии избувнал пред 4 дена околу 9 часот, а за среќа е причинета само материјална штета и нема човечки жртви. Откако овој случај беше објавен во саботата на ТВ21, по само 72 часа беа собрани потребните средства за санирање на покривите.
