Грабнато лице во Охрид – му испратиле порака на неговиот брат за да плати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 16.04.2020 во 13.05 часот во СВР Охрид, И.П.(29) од Охрид пријавил дека од страна на непознати лица со патничко возило „фолксваген голф“ бил грабнат неговиот брат Б.П.(33) од населба Рача – Охрид.

Притоа, тој добил порака да даде пари за да биде пуштен брат му. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.