Град Скопје им врачи награди и признанија на матурантите првенци на генерацијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот Петре Шилегов вечерва додели специјални признанија и парични награди на матурантите – првенци на генерацијата од 23 скопски средни училишта, на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“ која се одржа на Школката во Градскиот парк. Оваа манифестација има цел да го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Градот Скопје и да им оддаде јавно признание за постигнатите резултати. И оваа година е награден успехот на учениците од средните стручни училишта кои се опфатени со тригодишното образование, а признание е доделено и на ученици со попречености кои постигнале особени резултати во процесот на инклузија во образованието.

-Почестен сум што сум овде со вас, што вие не примате нас повозрасните во вашето друштво. Нема поголемо задоволство за градоначалник на еден град од тоа кога ја гледа иднината на својот град вака собрана на едно место. Годинава доделуваме 34 награди за првенците на генерацијата од 23-те скопски средни училишта. За жал, едната награда ја доделуваме постхумно, за таа трагедија сме сите известени, но тоа дете ја заслужи оваа награда која Градот со задоволство ќе ја врачи на претставниците на неговото семејство. Многумина од вас ќе станат инженери, доктори, адвокати, судии, обвинители, не знам кој од вас што ќе работи во животот, но ви порачувам што и да станете, да останете луѓе пред се. Тоа е најбитниот момент во животот на луѓето. Ние возрасните кои водиме различни институции сме овде да ги срушиме границите, вие бидете тие кои ќе ги срушите бариерите – им порача на матурантите првенци градоначалникот Шилегов.

Тој им честита на учениците на сите досегашни успеси и им посака да ги остварат сите сништа.

Оваа година првенци на генерацијата се:

Викторија КоцевскаСУГС „Димитар Влахов”
Александар АнакиевскиСУГС „Димитар Влахов”
Јана МајноваСУГС „Јосип Броз Тито”
Петар СтаменковскиСУГС „Марија Кири Склодовска”
Тео ЃекиќСУГС „Марија Кири Склодовска”
Ана Марија ТенџеревскаСУГС „Браќа Миладиновци”
Марија СавескаСУГС „Браќа Миладиновци”
Ерика АсановаСУГС „Владо Тасевски”
Златко МарковиќСУГС „Владо Тасевски”
Гоце ТаковскиСУГС „8 Септември”
Елена СтаменковскаСУГС „Здравко Цветковски”
Давид СубашевскиСУГС „Панче Арсовски”
Агон АјдиниСУГС „Зеф Љуш Марку”
Никола ПетровскиСУГС „Орце Николов”
Сотир СобралиевСУГС „Михајло Пупин”
Лука НасевскиСУГС „Михајло Пупин”
Исра СејфуллаСУГС „Цветан Димов”
Александар ФилиповскиСУГС „Георги Димитров”
Лео КeсeровиќСУГС „Георги Димитров”
Јовица КекеновскиСУГС „Боро Петрушевски”
Марко КрстевскиСУГС „Боро Петрушевски”
Душко ДимитровскиСУГС „Арсени Јовков”
Александар ЈовановскиСУГС „Панче Караѓозов”
Ајла МуратовиќСУГС „Панче Караѓозов”
Васко ЃорѓиевскиСУГС „Панче Караѓозов”
Даријан ШеќеровСУГС „Раде Јовчевски Корчагин”
Сара НезириСУГС „Сарај”
Теодора СолздановскаСУГС „Кочо Рацин”
Лејла ПотуракСУГС „Лазар Танев”
Андреј ЃорѓиевскиСУГС „Лазар Танев”
Tамара KунцуловаСЕПУГС „Васил Антевски Дрен“
Кристијан ПоповскиСУГС „Никола Карев”
Тони СалиСУГС „Шаип Јусуф”
Неџибa АзирСУГС „Шаип Јусуф”

Манифестацијата „Средба на првиот со најдобрите“ се одржа под покровителство на градоначалникот Шилегов, а во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и со поддршка на Делегацијата на Европската унија во нашата земја. Средбата на првиот со најдобрите годинава се одржа по 14.пат.

На доделувањето на признанијата на матурантите – првенци присуствуваше и амбасадорот на ЕУ во нашата земја, Дејвид Гир и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.