Конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски во судскиот предмет „Плацеви на Водно“, ќе се продаваат на лицитации закажани на 29. јули во 9, 11 и 13 часот, објави Агенцијата за управување со одземен имот.
Според огласот, сите станови кои се на иста адреса на Водно, имаат 200, 199 и 155 кавдарти. Сите имаат големи тераси, а во едниот има и џакузи.
Почетната цена за првиот стан е 52,3 милиони денари, или 850.000 евра. Вториот е 52 милиони денари, додека третиот 46,7 милиони денари.
Ова ќе биде втора аукција за становите, откако првата пропадна пред една година.
